Исчистена уште една дива депонија во Општина Карпош
Општина Карпош исчисти уште една дива депонија на нејзината територија, во околината на Злокуќани, кај напуштеното фудбалско игралиште. На оваа локација, велат од локалната самоуправа, со години се фрлал отпад од страна на населението.
-Тука често се палеа и огнови на отворено, со што дополнително се придонесуваше кон зголемување на аерозагадувањето. Со цел да се спречи ново создавање на депонија, Општина Карпош ги интензивира инспекциските контроли во овој дел, а воспоставена е и комуникација со полицијата за редовни патроли во вечерните часови. Дополнително, во текот на денешниот ден, комуналните служби на Општина Карпош целосно беа фокусирани на темелно чистење на Злокуќани, велат од општината.
Во претстојниот период, најавуваат, ќе се чистат и мини депонии под мостот „Газела“, како и во Бардовци, во близина на реката Лепенец.
Претходно, Општината ја затвори депонијата кај мостот „Газела“ (спроти Карпош 4), како и децениските депонии кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари