Македонија
30. January 2020 - 13:44

Исчезнатата 28-годишна Марија Брзакова била бремена во вториот месец?

„Знам дека постов не е за тука, но ве молам споделувајте да се најде... 11 дена нема никаква трага“. 

Ова е постот кој пред околу 16 часа го сподели на Фејсбук извесна Јулијана Миовска, преку една од групите на оваа социјална мрежа која има бројни членови. 

„Ве молиме за помош, Македонија, Србија, Бугарија, Романија“, пишува во своевидниот оглас што таа го споделила. 

Во него пишува дека младата Брзакова ја бара нејзината тригодишна ќерка. 

Но, она што е уште поинтересно што таа го навела во огласот, е што вели дека младата дваесетиосум годишна Марија била бремена, во вториот месец.