Македонија
20. January 2022 - 16:17

Исчезнат 40-годишник пронајден мртов во Волково

На 19.01.2022 во 11.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Волково бил пронајден починат Ж.С.(40) од Скопје, за кој на 09.12.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот, соопшти МВР.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.