Исчезнала пред 3 години, а потоа на таванот пронајдоа хорор: Прво открија скршена даска, а потоа скелет со наочари
Властите во САД велат дека скелетот најден во ѕидот на една куќа во Хјустон е се што останало од нејзината сопствбеничка која од таванот пропаднала во шуплив ѕид, се заглавила и умрела.
Форензичарите официјално потврдија дека немаат доволно докази за да го утврдат или начинот на смртта, но утврдија дека тоа е Мери Черути исчезната пред 3 години.
Изгледа дека 61-годишната сопственичка на куќата којзнае зошто отишла на таванот и „случајно пропаднала низ подот“ и се заглавила во шуплив ѕид, меѓу облогите и инсталациите.
Соседите во февруари 2015 година го пријавија исчезнувањето на Мери Черути, а нејзината куќа подоцна е продадена поради неплатени долгови.
Новите сопственици на куќата во март минатата година најпрво нашле скршена даска на подот од таванот, а потоа под неа, во ѕидот нашле скелет.
Форензичарите минатото лето утврдија дека скелетот со наочари и чевли е - Мери Черути.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право