Македонија
18. February 2021 - 13:31

Исчезна Зоранчо Шуманов од Штип - семејството бара помош за негово пронаоѓање

Лицето Зоранчо Шуманов на ден 12.02.2021 година во 9 часот наутро го напуштил својот дом, по што се води за исчезнат.

Според информациите кои семејството ги има добило преку социјалните мрежи тој последен пат е виден во месноста Суитлак, поточно Орта Колиба околу 12 часот истиот ден од кога се води за исчезнат.

Зоранчо Шуманов е од Штип на возраст од 57 години, на себе носи црна јакна, црни тренерки и црни патики.

Семејството апелира до сите граѓани кои можеби имаат некаква информација за Зорачно или го препознаат веднаш да ја известат полицијата.