Свет
7. јуни 2017 - 14:23

Исчезна авион со 116 патници и членови на екипажот

Авион на војската на Мјанмар со 116 патници и членови на екипажот исчезна од радарите, јавуваат западните медиуми. Се верува дека во авионот се наоѓаат членови на семејствата на војници.

Како што се наведува, комуникацијата со леталото е изгубена во попладневните часови по локално време.

Контактот е изгубен во момент кога леталото се наоѓало на околу 20 километри западно од градот Давеј.

Неименуван извор изјавил дека најверојатно се работи за технички проблем, бидејќи времето било добро.