Балкан
6. August 2019 - 8:28

Иса Мустафа: Дијалогот да го води премиерот на Косово

Иса Мустафа, кој по третпат беше избран за претседател на највлијателниот опозициски Демократски сојуз на Косово (ДСК), изјави дека тој нема да биде кандидат за премиер, но дека зголемените даноци на производите од Србија и БиХ треба да останат во сила.

Мустафа, во интервју за Радио Слободна Европа на албански јазик, рече дека на претстојните предвремени избори нема да има кандидат на ДСК за премиер, но дека партијата ќе предложи лице кое е најдобро во тоа и кое, секако, ќе ја има целосната поддршка од ДСК.

Мустафа оцени дека дијалогот со Белград треба да го води косовскиот премиер, што е во согласност со одлуката на уставниот суд.

Зборувајќи за наметнатите давачки, лидерот на ДСК рече дека мерката треба да остане сè додека, како што рече, „Србија ги промени своите ставови и однесување во врска со блокадата на Косово“.