Свет
2. December 2025 - 14:52

Ирска вети дополнителни 125 милиони евра финансиска поддршка за Украина

Премиерот на Ирска, Мајкл Мартин, пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во официјална посета на Даблин, истакна дека Ирска, исто така, ќе додели 25 милиони евра за снабдување на Украина со енергија, со цел да се спротивстави на „циничните и бездушни напади на Русија“.

Тој додаде дека останува непоколеблива поддршката на Ирска за народот на Украина во одбраната на слободата и демократијата. Како што рече Мартин, „останува непоколеблива поддршката на Ирска за народот на Украина во одбраната на слободата и демократијата“.

Премиерот Мартин и претседателот Зеленски се очекува да потпишат договор наречен „Патна карта за партнерство Украина – Ирска до 2030 година“, што претставува надградба на претходниот договор од септември 2024 година.

Спогодбата опфаќа политичка и безбедносна соработка, како и иницијативи во доменот на обновата, образованието и културата.

По средбата со ирската претседателка Кетрин Коноли, Зеленски ќе оствари билатерална средба со премиерот Мартин, а потоа ќе се обрати пред членовите на двата дома на ирскиот Парламент.