Свет
18. November 2015 - 8:37

Ирска: Поради бура десетици илјади домаќинства без струја

Десетици илјади домаќинства во Ирска се без струја поради налет на бура која го отежна и одвивањето на авио-сообраќајот.

Силен ветар оштети електрични кабли поради што 45.000 домаќинства останаа без електрична енергија, јавуваат локални медиуми. Метеорлошката служба предупреди дека ударите на ветар може да достигнат брзина од 180 км/час.

Предупредено е дека бурата Барни може да предизвика и поплави. Поради лошите временски услови, откажано е движењето на траекти кон Велс.