-->
-->
Ирина Шајк и Бредли Купер постигнале договор за старателството врз ќерката
-->
Ирина Шајк (34) и Бредли Купер (45) конечно постигнале договор околу заедничкото старателство над двегодишната ќерка Леа Де Сена.
На почетокот од оваа година брзо се согласиле и ги завршиле преговорите, односно се договориле дека заедно ќе се грижат за детето во Њујорк.
Кај кого ќе биде девојчето зависи од договорите и распоредот, со оглед на природата на нивните професии.
Благосостојбата на ќерката им е на прво место. Изминативе денови Леа го поминува времето со мајка си, па често може да се видат на прошетка по улиците на Њујорк.
Парот минатото лето ја раскина четиригодишната врска од која ја имаат ќерката. Имаше многубројни шпекулации, а најмногу од нив се однесуваа на наводното неверство на холивудскиот заводник со Леди Гага (33).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море