Балкан
5. April 2017 - 14:24

Ирена испратена со солзи и лелеци: Мајката едвај издржа, скршена од тага и болка

Ирена Илиќ (28) која на 31. март загина во погонот на фабриката „Леони“ во романскиот град Питештиј, погребана е вчера во Ниш.

Тажната поворка, со звуците на погребниот марш го испрати ковчегот на Ирена до гробното место.

На нишките нови гробишта одекнуваа лелеци. Најтешко и беше на нејзината мајка, која ја придржуваа роднините зошто од тага не можеше да стои.

Во тешката несреќа, која ја предизвика Андреј Кристијан Каремелеа кога со автомобил влета во дворот на фабриката, повредени се и колешките на Ирена, Александра Ранѓеловиќ и Бранка Глигоријевиќ.