Иранскиот претседател со индиректна критика до Трамп
Иранскиот претседател Хасан Рохани упати денеска идиректна критика до американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека „поминало времето за изградба на ѕидови меѓу различните земји“, јави БТА.
Рохани сепак не реагираше директно на одлуката на Трамп за тримесечна забрана за влез во САД за државјани на седум муслимански земји, меѓу кои и Иран.
- Денес повќе не е време кога треба да се градат ѕидови меѓу нациите. Тие заборавија дека Берлинскиот ѕид се урна пред повеќе години, рече Рохани во обраќање емитувано на државната телевизија.
- Ѕидовите меѓу народите треба да се урнат. Денешниот свет не е свет, во кој се интензивираат разликите меѓу нациите, додаде тој.
Иран и САД не одржуваат дипломтски односи повеќе од 37 години, но во САД живеат околу еден милион Иранци, според официјалните податоци на Техеран.
Рохани денеска говореше на Меѓународна коференција за туризам, на која изјави и дека откако ја потпишал нуклеарната спогодба за големите сили во 2015 година Иран ги отворил вратите за туристи од странство.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна