Свет
5. јуни 2017 - 15:28

Иран повика за дијалог меѓу Катар и соседите од Персискиот Залив

Иран ги повика денеска Катар и неговите соседи од Персискиот Залив на отворен дијалог за решавање на несогласувањата, откако Саудиска Арабија и нејзините сојзници објавија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Доха. 

- Надминување на разликите меѓу земјите во регионот, вклучувајќи ги сегашните проблеми меѓу Катар и трите соседи е можно единствено со политички и мирни средства и отворен дијалог меѓу заинтересираните страни, се вели во соопштението на портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасеми.