Иран почна воени вежби во Ормутскиот Проток
Иран денеска почна воени вежби во Ормутскиот Проток во момент кога тензиите со САД ескалираа, откако американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека „си игра со оган“, кога тестираше балистичка ракета на 29 јануари.
Годишните воени вежби на Иран ќе бидат одржани во Ормутскиот проток, во Оманскиот Залив, Баб ел Мандеб и северните делови на Индискиот Океан, заради обука во борбата против тероризмот и пиратството, изјави командатот на иранските поморски сили Хабиболах Сајари.
Воени бродови, подморници и хеликоптери учествуваат во вежбите во таа поширока област од околу два милиони квадратни километри, а припадниците на морнарицата ќе ги покажат своите способности долж југоисточниот брег на Иран.
Во тој регион е базирана Петтата флота на американската морнарица, која ги штити шпедитерските траси во тие води.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница