Свет
26. October 2016 - 14:00

Иран конструираше „самоубиствен дрон“

Иран создаде дрон со радиус на дејство од 1.000 километри, што може да се користи и за набљудување и за копнени и поморски напади, соопштија извори од елитната иранска единица „Чувари на револуцијата“.

Дронот е наречен „Саегех“, што во превод од персиски јазик значи „молња“. Направата е носач за експлозиви, но не и на ракети. Таа има софистицирани камери и е оспособена да гаѓа цели и ноќе.

Може да лета со брзина од 250 километри на час, на височина до на 900 метри и најмалку 50 сантиметри над морската површина.

На почетокот на месецов, таа направа беше најавена од самите „Чувари на револуцијата“. Леталото е направено според американскиот дрон, кој беше пресретнат од иранската војска во 2011, по што беа објавени и фотографии.