Свет
15. February 2021 - 11:49

Иран и Русија започнаа воени вежби во Индискиот Океан

Иран и Русија денеска започнаа заеднички военоморски вежби во Индискиот Океан, изјави портпаролот на руската амбасада во Техеран, Максим Суслов.

Претходно, армијата на Иран соопшти дека маневрите ќе почнат утре.

Двете земји, како противници на САД, се зближуваат околу низа прашања.

Кон крајот на декември 2019 година се одржаа военоморски вежби меѓу Иран, Русија и Кина во Индискиот Океан и Оманскиот Залив, кои траеја четири дена.