Свет
30. January 2017 - 14:27

Ирачкиот Парламент бара забрана за влез на државјани на САД во Ирак

Ирачкиот Парламент денеска усвои резолуција со која се бара од Владата во Багдад да воведе забрана за влез на американски државјани во Ирак, како одговор на одлуката на Вашингтон со кој се збранува издавање визи за влез во САД на ирачки граѓани.

Со извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп забраната за издавање на влезни визи се однесува на државјаните на Ирак, Иран, Јемен, Либија, Судан и Сомалија за период од 90 дена и за граѓаните на Сирија на неопределен период. Според Вашингтон, цел на ваквата одлука е да се намали заканата од радикланите ислмистички терористи.

Ирачкото Министерство за надворешни работи денеска изрази жалење поради ваквата американска одлка и го повика Вашингтон да ја преиспита. 

Претходно, Владата на Ирак соопшти дека ги разбира „разумните безбедносни мотиви“ за донесувањето на ваквата одлука, но побара Вашингтон да ги има предвид „специјалните верски меѓу двете земји“.

На одлуката на Трамп вчера реагираше и влијателниот шиитски проповедник Муктада ал-Садр, кој побара сите американски државјани да го напуштат Ирак.

- Би било арогантно тие слободно да влегуваат во Ирак и други држави, а да забрануваат влез во САД. Затоа треба да ја напуштат земјата, изјави Ал-Садр.