Спорт плус
24. July 2016 - 18:20

ИОК: Русија ќе настапи на ЛОИ, може да има само суспензија од одделни асоцијации

Меѓународниот олимписки комитет(МОК) одлучи во недела дека нема да ги суспендира заради допинг руските спортисти од Олимписките игри во Рио де Жанеиро, пренесоа во недела руските и британските медиуми.
 
 
МОК одлуката за суспензија ја препушти на одделните спортски сојузи.
 
Меѓународната атлетска федерација порано ги суспендираше руските атлетичари од сите свои натпреварувања, вклучително и од Олимписките игри.
 
Русија се жалеше до Судот за спортска арбитража, но таа жалба беше одбиена.
 
Вкупно 68 атлетичари поднеле поединечни молби, но прифатена е само една, на атлетичарката во скок во далечина Дарија Клишина, која во последните три години тренира во САД.