Македонија
16. March 2021 - 12:30

Интерпелација на Филипче поднесе ВМРО-ДПМНЕ

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе интерпелација на министерот за здравство Венко Филипче. На овој министер за зараза и смрт како што велат од опозициската партија поважни му биле провизиите на вакцини од животот на граѓаните што било потврдено со најновиот скандал.

- Причината е јасна наместо по потрага на вакцини, Власта беше по потрага на провизии, единствени сме во светот по најлошото справување со корона кризата, Македонија е на 118-то место од 122 држави по број на вакцинирани, Филипче е најодговорен за катастрофалното справување на коронавирусот поради не следење на кластери, нема лекови, нема болнички кревети, нема респиратори, нема протоколи за лечење и движење на пациенти и има ненавремени и несоодветни мерки, вели пратеникот Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ како образложение од интерпелацијата. 

 

Катерина Нешкова