Македонија
2. July 2016 - 10:45

Интернационална Кичевска ликовна колонија

Во Куќата на уметноста во кичевското село Кнежино во наредните две недели ќе се одржува 23-та Интернационална Кичевска ликовна колонија.

На ликовната колонија, која започнува денеска, ќе учествуваат повеќе од 25 еминентни ликовни уметници, академици и професори од земјава и од странство. Ќе учествуваат претставници од 20 земји и тоа:Германија, Полска, Кина, Индија, Англија, Хрватска, Турција, Казахстан, Албанија, Косово, Ирак, Бугарија, Црна Гора, Србија, Кипар и други.

Во рамки на оваа ликовна колонија досега се создадени над 1.200 уметнички дела, а во депото на Куќата на уметноста има над 900 дела од светски познати мајстори.