Фудбал
3. February 2020 - 10:30

Интер со головите на Лукаку славеше во Удине

По три меча во кои Интер одигра нерешено, Ромелу Лукаку ги инспирираше „нераѕурите“ до 2:0 победа на гостувањето кај Удинезе да се стави крај на лошата серија и да се вратат на само три поени зад Јувентус на врвот на Серија А.

Без суспендираниот Лаутаро Мартинез, Антонио Конте стартуваше со 17-годишниот Себастијано Еспозито, кој веднаш имаше одлична шанса, по што новото засилување Кристијан Ериксен имаше одлична аситенција а Хуан Мусо. Меѓутоа, и домаќините имаа неколку одлични шанси во првото полувреме, преку Падели и Де Пол, пред да стигне „казната“ во ликот на белгискиот напаѓач.

Лукаку во 64. минута, откако доби топка во шестнаесетникот, упати фантастичен удар низ нозете на дефанзивецот на Удинезе за 1:0, а во 71. минута го удвои водство со гол од пенал. Со ова, Лукаку има неверојатни 20 гола во 29 меча за Интер оваа сезона, од кои 16 во Серија А.