Loading Video...
Фудбал
16. December 2019 - 15:59

Интер испушти победа против Фиорентина во последните секунди

 
 
 
Во последниот меч од 16.коло на италијанската Серија А, екипата на Интер испушти победа на гостувањето кај Фиорентина во последните секунди. 
 
Гостите од Милано поведоа уште во 8.минута со голот на Шпанецот, Борха Валеро, но во втората минута од судиското дополнение Србинот, Душан Влаховиќ го израмни резултатот. 
 
Иако наместо три освои еден бод, Интер и натаму е лидер на табелата со 39 бодови колку што има и Јувентус на второто место.