Loading Video...
Фудбал
20. October 2019 - 16:14

Интер го одржува чекорот со Јувентус

Во натпревар во кој беа постигнати седум голови екипата на Интер како гостин го совлада Сасуоло со 4-3, во дуелот од 8.коло на италијанската Серија А. 
 
По два гола за гостите од Милано постигнаа Лаутаро   Мартинез во 2-та минута и 71-ва од пенал, како и Ромелу Лукаку кој беше прецизен во 38-та односно 45-тата кога погоди од белата точка. 
 
Берарди (16), Ѓуричиќ (74) и Бога (81) беа стрелци на головите за Сасуоло.   
 
Со новите бодови Интер кој е на 2.место на табелата, го одржува чекорот со лидерот Јувентус кој вчера со многу среќа славеше победа над Болоња со 2-1, па сега Јуве има 22, а Интер 21 бод.