Македонија
9. January 2021 - 16:33

Интензивни врнежи од дожд во следните три месеци може да бидат спас за Преспанското Езеро

За да се подобри состојбата со Преспанско потреби се два до три месеци интензивни  дождови, велат експертите. Врнежите во изминатите денови и оние кои се најавуваат за следната недела минимално ќе ја подобрат состојбата со хидроцентралите. Но за да се наполнат акумулациите и да може хидроцентралите да произведуваат струја, тие не се доволни. Недостасуваат поголеми количини на врнежи и од снег. 

Сушниот период најмногу го погоди Преспанско. Според анализите езерото загуби вода колку за две Дојрански езера. 

Според синоптичарите во следниот период се очекуваат нови интензивни врнежи во земјава, кои ќе ги зголемат нивоата на реките и езерата.  

Поради сушата, Владата пред извесно време одлучи да ја стопира работата на хидроцентралите, а недостатокот на струја беше обезбеден од увоз. Чаушевски се надева дека наскоро ќе почнат со работа во спротивно увозот ќе биде неопходен, особено ако зимата е зад нас и темепратурите паднат неколку  степени под нулата.