Македонија
4. August 2022 - 21:15

Институциите ја следат преписката Русковска-Муареми, но засега не се мешаат

За сагата Русковска- Муареми двете страни бараат помош од странски институции да се докаже кој е во право, додека кај нас државните институции остануваат воздржани од коментари.

Од Министерството за правда велат немаат ингеренции да се мешаат

“Министерството за правда како орган кој е дел од извршната власт нема ингеренции ниту мандат да се меша биту да ги коментира одлуките на обвинителите кои самостојно одлучуваат за своите постапувања.”

Од кабинетот на претседателот Пендаровски, велат дека медиумите не се секогаш каналот преку кој треба да се расчистува одговорноста, а носителите на јавни функции имаат одговорност пред законот и пред јавноста.

“Претседателот Пендаровски очекува дека надлежните институции во рамки на своите надлежности да го следат случајот и ќе ги преземат потребните мерки.”

Од Владата пак со апел, институциите да ги извршуваат задачите според своите надлежности

“Сметаме дека никој не треба да влијае врз работењето на државен орган каков што е јавното обвинителство, и го охрабруваме да постапува законито, непристрасно и објективно.”

Колегите обвинители на Русковска пак, на некоја од наредните седници на Советот на јавни обвинители ќе одлучуваат кој став ќе го заземат околу целата ситуација.

“Советот на јавни обвинители на некоја од наредните седници со членовите ќе дискутираат за ситуацијата, ќе ја разгледаат претставката, ќе ги испитаат наводите и ќе го произнесат својот став околу целиот настан.”

Откако Рускоска ги повика и меѓународните институции да го запрат притискокот врз обвинителството, амбасадата во САД  се произнесе дека ова прашање треба да го решат надлежните институции.

Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, посочуваат оттаму.