Живот
20. March 2016 - 12:19

Инстаграм најави големи промени

По Твитер и Инстаграм воведува алгоритам кој објавите нема да ги покажува по хронологија, туку според важноста.
 
Фејсбук оваа опција ја користи од почеток, а Твитер од оваа недела и корисниците не се воопшто воодушевени. Сега истото ги чека и на Инстаграм.
 
како што велат од оваа социјална мрежа, просечен корисник пропушта 70 проценти од сето тоа што му се прикажува хронолошки поради големиот број на слики, па оттука веруваат дека овој начин треба да се смени со поефикасен.
Решение е, како што велат тие алгоритамот кој ќе биде на врв на страната да ги поставува најважните објави, а ќе ги одредува и на основа на лајкови, меѓусебни односи со корисникот, времена објава и слично.