Македонија
4. јуни 2020 - 14:25

Инспектор позитивен на коронавирус, кумановскиот Пазарен инспекторат ќе биде затворен

Одделението на Државниот пазарен инспекторат од Куманово ќе биде затворено, бидејќи еден од инспекторите е позитивен на ковид-19, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

„Денес веќе во Куманово ќе мораме да го затвориме целокупното одделение бидејќи еден од инспекторите се покажал позитивен на ковид-19. Сѐ што беше од наша страна, правиме за да ги заштитиме инспекторите, но и оние кои правилно ги почитуваат мерките, уредбите и протоколите од Владата, бидејќи тоа е во интерес на сите“, рече Пауновски.

Тој апелираше до сите граѓани, особено до водачите на политичките партии и верските заедници, да бидат одговорни.

„Мораме неселективно да постапуваме за да бидеме успешни. Потребна ни е помош од сите граѓани и од правните субјекти за да на крај излеземе како победници и да не бидеме единствениот во регионот каде секојдневно има зголемување на случаи позитивни на ковид-19“, рече Пауновски.