Македонија
18. March 2021 - 17:29

Иницијативниот одбор за свикување Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го одложи закажаниот конгрес за 28 март

Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржа состанок на кој беа разгледани подготовките за Конгресот закажан за 28 Март во Скопје.
 
Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес.
 
Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин.
 
Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес
 
ВМРО-ДПМНЕ