Македонија
24. August 2020 - 11:26

Иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ бара Мицкоски уште утре да закаже конгрес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште утре да свика и закаже вонреден конгрес на кој ќе се гласа за негова доверба и преку кој ќе се консолидира партијата, повикаа и денеска од Инцијативниот одбор за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Од одборот посочија дека имаат се поголема поддршка од делегати на конгресот но потврдија и дека еден од најголемите поддржувачи е и поранешниот член на Извршниот комитет на партијата Сашо Мијалков.

„Во услови кога мандатот на сите членови на Извршниот комитет е истечен во услови кога мандатот на најголемиот дел од членовите на ЦК е исто така истечен единствениот легитимен партиски орган кој би можел да дискутира за состојбата на партијата е конгресот на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Борче Стамов од Иницијативниот одбор. 

Тој посочи дека и претходните претседатели на партијата Георгиевски и Груевски кои што ја раководеле партијата по повеќе од 10 години при првиот свој пораз си заминале од лидерската позиција и дека Мицкоски треба да ја следи оваа пракса. 

Стамов не сакаше да открие од колку точно делегати имаат поддршка и дали некој од актуелните пратеници ги поддржува.

 

Катерина Нешкова