Информативни средби со земјоделци од Ресен и Охрид
Македонската развојна фондација за претпријатија организира информативните средби за земјоделците што ќе се одржат денеска во Ресен и Охрид.
На средбите ќе стане збор за предностите од здружување во земјоделски задруги како и за можностите за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги. Претставници на земјоделски задруги од Република Србија ќе ги презентираат нивните успешни примери.
Информативната средба во Ресен ќе се одржи во просториите на основното училиште во Царев Двор, додека средбата во Охрид ќе се одржи во просториите на Месната заедница во Долно Лакочереј.
Информативните средби дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”. Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација