Инфо-сесија за првиот регионален повик на Фондот за Западен Балкан
Министерството за надворешни работи на Република Македонија во координација со Фондот за Западен Балкан (ФЗБ), денеска во Скопје ќе одржи официјална Инфо-сесија за првиот објавен повик за поддршка на проекти.
Како што информираат од МНР, целта на инфо-сесијата, која се одржува во рамките на повикот, ќе биде подетално запознавање со насоките и правилата за апликација како и генералните критериуми и вредности кои се очекуваат од апликантите.
Повикот за поддршка на проекти за непрофитни организации, согласно статутот и целите на Фондот, беше објавен на 15 ноември, а крајниот рок за нивно доставување е 22 декември 2017 година.
ФЗБ со седиште во Тирана, е регионална иницијатива оформена со заедничка одлука на министерствата за надворешни работи на шесте држави од Западниот Балкан (Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово) во 2015 година. Главната цел на Фондот е развивање соработка помеѓу земјите членки, зацврствување на односите и регионалната кохезија, како и унапредување на интеграцијата во ЕУ преку поддршка на заеднички регионални проекти.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово