Инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020
Инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе се одржат од денеска до 31 октомври, четврток, а имаат за цел да ги претстават сите можности за искористување на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Инфо деновите ќе се одржат на четири локации и тоа, денеска во 11 часот во Сала на Општина Македонски Брод, утре во 11 часот во Сала на Општина Ресен, задутре во 10 часот во ресторан „Кристијан“, Маврово и во 14 часот во Сала на Општина Дебар.
Како што соопшти Атанас Прчев од „Идеа Лаб“, претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во рамките на Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020, веќе одржаа десет инфо денови и еден форум.
Голем број на потенцијални корисници ги посетиле информативните денови и биле посебно заинтересирани за мерка седум „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ посебно поради фактот што Повикот број 01/2019 за оваа мерка е отворен до 18 ноември 2019 година.
– Оваа мерка овозможува инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани. Согласно Програмата, до 65 отсто од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на барателите-корисници на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020, стои во соопштението.
Информациите околу јавниот повик 01/2019, потребните документи, инфо деновите и информативното видео сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите (www.ipard.gov.mk), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца