Индустриското производство во септември зголемено за 0,3 отсто
Индустриското производство во септември годинава, споредено со септември лани, е зголемено за 0,3 проценти, а во периодот јануари-септември годинава во однос на истиот период лани е намалено за 0,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во септември годинава во однос на септември минатата година бележи опаѓање од 2,6 проценти, а пораст од 0,4 проценти во „преработувачката индустрија“ и од 0,1 процент во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.
Зголемувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите за производство на тутунски производи, на текстил, на други неметални минерални производи, на електрична опрема и на машини и уреди, неспомeнати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во септември годинава, во однос на септември лани бележи пораст кај „енергија“ за 3,6 проценти и „капитални производи“ за 8,1 процент, а опаѓање кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 2,1 процент, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,1 процент и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 3,2 процента.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош