Бизнис
14. July 2020 - 16:41

Индустриското производство продолжува да паѓа

Производствто во преработувачката индустрија и натаму ќе тоне. Според оценките на раководителите од фирмите во индустријата, во наредните три месеци обемот на производство дополнително ќе падне. Во оценката која денеска ја објави Државната статистика се наведува дека ќе се намалат и нарачките, а залихите со готови производи се се помали. Ефектот од корона кризата е подолготраен од сите прогнози, велат менаџерите од индустрискиот сектор.

И покрај лошите прогнози за до крајот на годината менаџерите се оптимисти во однос на бројот на работниците, сметаат дека ќе се зголемува. За нив проблем е неквалификуваноста на работната сила заради тоа не се решаваат на отпуштање на постоечкиот кадар и покрај намалената ликвидност.

Од почетокот на годината индустриското производство бележи пад од околу 15% споредено со истиот период лани.  Извозот е намален за 27%.