Свет
22. July 2016 - 12:01

Индиски воен авион исчезна од радарите

Авион на индиското Воено воздухопловство, во кој имало 29 лица, денеска исчезна од радарите, јавија индиските медиуми.

Воениот транспортен авион АН-32 полетал утрово од градот Ченај за Порт ат Леар, административниот центар на Андаманските и Никобарските Острови.

Започната е потрага по авионот, во која учествуваат индиската Воена авијација, Морнарицата и Крајбрежната стража.