Loading Video...
Кошарка
9. December 2017 - 15:08

Индијана ја прекина серијата победи на Кливленд

Кошаркарите на Индијана ја прекинаа победничката серија на Кливленд, откако ноќеска на домашен терен остварија победа од 106:102.
 
Индијана е прв тим со две победи сезонава против Кливленд, кој имаше серија од 13 триумфи во низа.
 
Виктор Оладипо со постигнати 33 поени, од кои шест тројки, ја предводеше Индијана до деветтата победа на последните 12 натпревари. 
 
Од останатите дуели, ја издвојуваме „тесна победа“ на шампионот Голден Стејт на гостувањето кај Детроит со 102:98 во која  Кевин Дјурант беше најефикасен на победничкиот тим со 36 поени, како и петтиот пораз сезонава на Бостон, кој загуби на гостувањето кај Сан Антонио со 105:102.