Индија воведува царини за некои американски производи
Владата на Индија ќе воведе увозни царини за некои американски стоки, а одлуката стапува во сила утре, неколку денови пред посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Њу Делхи.
Најверојатно тоа е одговор на неодамнешната одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја исклучи Индија од некои трговски преференци, пишува „Волстрит Џурнал“.
-Индиските власти негираат дека ова е реципрочна мерка, изјавил за весникот индиски официјален претставник. Односите меѓу САД и Индија се заострија откако администрацијата на Трамп во јуни 2018 година воведе царини за увоз на индиски челик и алуминиум.
Како одговор, Њу Делхи објави дека ќе воведе царини во висина и до 120 отсто, на увоз на американски производи во вредност од 220 милиони долари како ореви, јаболка, мигдал и грав. Индија сепак го одложи воведувањето на царините за една година со надеж дека САД ќе се предомислат.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ