Индија го нападна Пакистан

Индија денеска официјално објави дека нејзините вооружени сили извршиле воздушни и артилериски напади врз девет локации во Пакистан и во делот на Кашмир што е под пакистанска администрација.
Оваа операција, наречена „ОПЕРАЦИЈА СИНДОР“, беше насочена, според индиските власти, кон „терористичка инфраструктура“ од каде, како што тврдат, се планирале напади врз Индија.
Според индиското Министерство за одбрана, нападите биле внимателно избрани и изведени со цел да се избегне ескалација на конфликтот.
„Нашите операции беа прецизни, пресметани и насочени кон деескалација. Ниту една воена инсталација во Пакистан не беше погодена. Индија покажа значителна воздржаност при изборот на целите и извршувањето на операциите,“ се наведува во официјалното соопштение.
Пакистанските власти потврдија дека биле погодени пет локации, меѓу кои и две џамии, при што загинале најмалку три лица, а дванаесет се повредени. Портпарол на пакистанската војска за медиумот Geo изјави дека е во тек одговор на нападите, но не откри детали за натамошните чекори.
Сведоци од Музафарабад, главниот град на пакистанскиот дел од Кашмир, пријавиле прекин на електричната енергија по експлозиите, што дополнително ја зголеми напнатоста во регионот. Воени извори и очевидци од индискиот дел на Кашмир опишуваат силни детонации, интензивна артилериска размена и звук на авиони над реонот.
Оваа ескалација доаѓа по нападот минатиот месец врз хинду туристи во индискиот дел на Кашмир, кога беа убиени 26 лица. Индија го обвини Пакистан за вмешаност и најави одмазднички мерки, додека пакистанските власти ги негираат обвиненијата и тврдат дека располагаат со разузнавачки информации за индиски планови за напад.
По нападите, индиската армија преку социјалните мрежи објави: „Правдата е задоволена.“ Ситуацијата на терен останува крајно напната, со зголемени стравувања од понатамошна ескалација меѓу двете нуклеарно вооружени држави.
Ново на Сител
-

Универзитетските асоцијации во Србија повикаа на собир утре пред Собранието да ја поддржат Дијана Хрка
-

Свекор нападнал снаа со остар предмет во Кавадарци
-

Татко и син од Демир Капија измамени за 14.700 денари откако аплицирале за работа во странство
-

Сиљановска Давкова за ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има
-

Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции
-

Во штипскиот Основен суд на 27 ноември почнува судењето за убиството на турскиот државјанин
-

15-годишник со Голф направил тешка сообраќајка во Кондово, повредени шест лица меѓу кои 2-годишно девојче
-

46-годишник од Конче загина на лов, застрелан од пријател ловџија
