„Индепендент“: ИД планира атентат врз британската кралица
За време на церемонијата со која идната сабота Велика Британија ќе ја одбележи 70-годишнината од победата над Јапонија во Втората светска војна, џихадистички терористи планираат да извршат атенат врз британската кралица Елизабета Втора, тврди лондонскиот весник „Индепендент“.
Весникот, повикувајќи се на безбедносни извори, наведува дека британски исламисти по налог на лидери на џихадистичката група Исламска држава, планираат да извршат бомбашки напад за време на прославата, при што би требало да биде убиена кралицата Елизабета Втора.
Поради ваквите сознанија безбедносните служби преземаат засилени мерки за безбедност на кралицата, тврди „Индепендент“.
По повод победата над Јапонија во Втората светска војна, на 15 август во Лондон ќе се одржат серија манифестации, на кои е најавено пеисустви и на кралицата и на членови на кралското семејство.
Кралицата Елизабета и нејзиниот споруг, принцот Филип треба да присуствуваат на комеморативната литургија во црквата „Свети Мартин“, каде ќе се соберат голем број воени ветерани, членови на нивните семејства и граѓани.
Попладнето треба да бидат положени венци на споменикот на лондонскиот плоштадот Хорс, по што над тој дел на Лондон ќе прелетаат авиони од перидот на Втората светска војна. На оваа манифестација е најавено присуство на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и на поголем број политичари и воени оицери.
Британската полиција тврди дека ги презема сите неопходни мерки за гарантирање на безбедноста на учесниците на овие собири и ги повика новинарите да и ги достават сите информации што ги имаат за евентуални терористички закани.
Бакингемската палата засега одби да ги коментира тврдењата за подоготвка на атентат врз кралицата.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора