„Индепендент“: Хиперсонични ракети - нова опасност за стретешка војна
САД, Русија и Кина развиваат ракети кои се побрзи од звукот, пишува британски „Индепендент“, наведувајќи дека овие светски сили воедно мораат да водат сметка тоа оружје да не падне во рацете на „одметнати режими“, кои би можеле да ја загрозат безбедноста.
Хиперсоничните ракети, на кои се работи, се „новиот вид на закана“, бидејќи се креирани за избегнување на одбранбени противракетни системи, со цел земјите да имаат помалку време за одговор на таков напад.
Доколку таа технологија се развива неконтролирано, земјите би можеле да ги постават своите одбрамбени системи на подесување на „моментна одмазда“, а со тоа и да ги зголемат шансите за избувнување на ракетна војна, смета весникот.
- Развојот на хиперсоничните ракети би ги зголемил шансите за стратешка војна. Би ги поттикнал државите побрзо да реагираат, тврди авторот на студијата „РАНД“, Ричард Шпајер.
Заканата од хиперсоничните ракети не е поврзана само со нивната екстремна брзина, туку и со тоа што со нив може да се управува многу прецизно, а тоа е карактеристика што не ја поседуваат традиционалните балистички проектили.
Русија, Кина и САД ја развиваат таа технологија, а истражувачите предупредуваат дека тие земји мораат да се согласат да не продаваат цели системи или поголеми потсистеми на другите земји.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња