Инциденти во Бирмингем, повредени тројца полицајци
Тројца полицајци се повредени во инциденти што навивачи на Легија од Варшава ги предизвикаа измината вечер пред натпреварот против Астон Вила во Бирмингем во рамки на фудбалската Лига на Европа.
Инцидентите се случија пред почетокот на натпреварот на паркингот во близина на стадионот „Вила парк“ каде полските навивачи беа собрани под надзор на британската полиција. Врз полицијата беа фрлени чадни бомби и други пиротехнички средства.
Натпреварот почна во закажаниот термин, но трибината која беше резервирана за полските навивачи остана празна.
Полицијата во Бирмингем образложи дека „не можела да им дозволи влез на стадионот на навивачите на Легија по немирите кои се случија надвор од стадионот“.
Помалку од 1.000 седишта беа резервирани за навивачите на Легија кои често пати предизвикуваат нарушување на јавниот ред и мир.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера