-->
-->
Инцидент во Куманово по протестниот марш
-->
По завршувањето на маршот организиран од иницијативата „За заедничка Македонија“ во Куманово вечерва се случи инцидент. Според очевидци, претседателот на општинската организација на СДСМ нападнил тракторист кој учествувал на протестот.
Инцидентот се случил пред зградата во која е сместен локалниот штаб на СДСМ.
Како што тврди учесникот во маршот Раде Цветковски, претседателот на СДСМ - Куманово прво со тупаници почнал да удира во неговиот трактор, а потоа физички нападнал момче кое било во тракторот зад него. Момчето, според изјавите, е однесено во кумановската болница.
- Ми се нафрли дечко, почна да удира со тупаници во предните стакла од шофершајбната. Откако ја отворив вратата, го турнав со неа, а тој се нафрли. Зад мене имаше момче со трактор во движење, пред него имаше автомобил. Тој го фати за рамо го влечеше и го удираше неколку пати, изјави Цветковски.
Очевидецот Гоце Трендевски праша дали претседателот на локалната СДСМ се чуствува како Македонец.
Претседателот на општинската организација на СДСМ во кусиот телефонски разговор информира дека не може да разговара, бидејќи е во СВР Куманово.
Веднаш по инцидентот, СВР Куманово ја блокираше улицата „Илинденска“ каде што се наоѓа зградата пред која се случи немилиот настан и еден час ја блокираше.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје