Инцидент во кругот на тетовското Текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“ - “Летале“ тупаници и ножеви
Во кругот на тетовското Текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“, вчера околу 16:50 часот додека Р.М.(18) од с.Ново Село, по завршувањето на часот по физичко се упатил кон училницата, бил пресретнат од 17-годишно лице од село Џепчиште, поранешен ученик во наведеното училиште, при што настанала меѓусебна расправија. Р.М. бил нападнат физички од малолетникот кој го удирил со тупаница во пределот на лицето и му нанел повреда во вид на оток и модринка. Откако од страна на друг ученик е направен обид да ги раздвои лицата, поранешниот ученик извадил нож и со истиот замавнал кон Р.М. притоа повредувајќи го ученикот кој се обидел да ги раздвои и го исекол на палецот од левата рака. Во Полициската станица Тетово обавен е разговор со лицата и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО