Македонија
23. October 2015 - 14:04

Инцидент во кругот на тетовското Текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“ - “Летале“ тупаници и ножеви

Во кругот на тетовското Текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“,  вчера околу 16:50 часот додека Р.М.(18) од с.Ново Село, по завршувањето на часот по физичко се упатил кон училницата, бил пресретнат од 17-годишно лице од село Џепчиште, поранешен ученик во наведеното училиште, при што настанала меѓусебна расправија. Р.М. бил нападнат физички од малолетникот кој го удирил со тупаница во пределот на лицето и му нанел повреда во вид на оток и модринка. Откако од страна на друг ученик е направен обид да ги раздвои лицата, поранешниот ученик извадил нож и со истиот замавнал кон Р.М. притоа повредувајќи го ученикот кој се обидел да ги раздвои и го исекол на палецот од левата рака. Во Полициската станица Тетово обавен е разговор со лицата и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.