Македонија
2. July 2018 - 15:26

Инцидент на скопска гинекологија

Инцидент на скопска гинекологија. Според информациите на полицијата во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 14 часот било пријавено дека во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Клиниката за гинекологија бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.С.(51) и С.С.(33) од една страна и А.А.(30) и А.С.(27) од друга страна кои си разменувале удари со раце и нозе во пределот на главата и телото.

Полицијата го расчистува случајот.