Македонија
14. May 2016 - 17:17

Импресиите на Македонка која 45 години живее во Холандија носат туристи во Охрид

Секојдневно расте бројот на туристите кои пристигаат во Охрид а добрата промоција и прераскажаната приказна за нашата земја дополнително ги зголемува посетителите. Холанѓаните доаѓаат веќе 6 години и се во редот на најбројните , оние кои  што се за прв пат тука велат дека за македонскиот бисер слушнале од пријателите, но има и такви, кои понесени од убавините се враќаат повторно.

Таков е примерот со Убавка Јовановска која е по потекло од прилепско но 45 години живее во Холандија со своето семејство.Таа и нејзината свекрва која е воодушевена од Македонија раскажувајќи им на своите роднини и пријатели овој пат со себе понесоа 15 најблиски за да видат што нуди градот под Самоиловата тврдина.

Холанѓаните велат дека покрај природните убавини ,историските одбележја и гостопримството градот е  доста ефтин за одмор покрај езерото.

Годинава Охрид ќе го посетат над 25.000 холанѓани,со 150 чартер летови,а тоа ќе ја продолжи туристичката сезона се до месец октомври.