Името и НАТО, топ теми на разговорите со Мичел
Прашањето за името ќе биде една од главните теми на средбата со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој утре доаѓа во Македонија, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
- Мислам дека секако состанокот ќе тргне со тоа прашање. Тоа ќе биде убава прилика да го запознаеме со динамиката во процесот за надминување на разликата околу името, рече Димитров, одговорајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во МНР со неговиот полски колега Јацек Чапутович.
Од македонска страна, посочи Димитров, ќе биде поставено и прашањето за шансите Македонија годинава да стане дел од НАТО, за динамиката на одлуките на Самитот на Алијансата во јули оваа година, како и некои други прашања во контекст на перспективите на регионот.
- За нас е убава вест што помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија Велс Мичел доаѓа во Македонија. Нас ни треба тоа внимание и тој ангажман, рече Димитрив.
Посочи дека според последните анкети, 80 проценти од граѓаните на РМ го поддржуваат членството во НАТО.
- Јас често во контекст на стратегијата и вклучувањето на Балканот зборувам дека ни треба реформски натпревар. Да се натпреваруваме кој ќе биде поуспешен во судски реформи, борба против корупција, слободни медиуми итн. По аналогија, во делот на билатералните прашања ќе биде убаво со нашите соседи со кои уште имаме разлики, да се натпреваруваме кој ќе биде поевропски, кој ќе покаже разбирање за другите и кој ќе ги има предвид вредностите и принципите на Европа бидејќи токму и во тој контекст се обидуваме да го решиме тоа прашање, рече Димитров.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп