Живот
27. October 2017 - 10:17

Имаше најголеми тестиси во светот (20 пати поголеми од нормалните): Не можеше да оди, да работи, да има секс...

Кениецот Форенце Овити Опију (21) и стана познат на светската јавност поради страшното нарушување од кое боледувал. Нему тестисите му биле 20 пати поголеми од нормалните, па поради тоа не можел да има живот, девојка, работа. За среќа малдиот Кениец сега успеа да се оперира и тестисите да ги смали на природна големина.

Лекарите по операцијата за отстранување на вишокот на ткиво утврдиле дека Опију боледувал од „scrotal elephantiasisa".  Оваа болест е предизвикана од блокада на лимфниот систем и главно доведува до отекување на кожата.

Најверојатно причина за болеста е циста која ја добил кога имал 10 години, а поради величината на тестисите, момчето едвај одело и не можел да носи нормална облека. Тој со години живеел како скитник.

Младиот Кениец поминал низ две операции: со првата му е отстрането вишокот ткиво, а со другата реонструиран изгледот на пенисот да му биде како порано.

-Верувам дека Форенце ќе има нормален живот и ќе може да ужива во него, изјави доктор Џејмс Обонди кој го оперираше.

Лекарите очекуваат момчето потполно да се опорави за три месеци и се надеваат дека ќе може да има деца, пишува британски „Сан“.

-Навистина би сакал да имам деца еден ден. Среќен сум што сум опериран и не се плашев. Кога се разбудив и станавпо операцијата, се чувствував многу полесен. Сета тежина исчезна. Сега пливам. Пред операцијата не смеев да се приближам до вода поради тежината на мојот пенис. Сега можам да трчам и да играм фудбал. Слободен сум. Се трудам што повеќе да се изградам себеси за да имам жена. Меѓутоа следен чекор е да завршам училиште. Кој знае што ќе донесе иднината? - изјави Форенци Овиту Опију по завршената операција.

Погледнете го момчето како изгледа сега: