Loading Video...
Балкан
14. July 2021 - 16:32

„Има таков народ“ победник на изборите во Бугарија

Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов победи на вонредните избори во Бугарија со освоени 24,08 проценти од гласовите сооошти Централната изброна комисија. 

Со 23,51 отсто Герб е втора. Борисов рече дека нема да дадат поддршка на победникот за да формира влада и дека Герб ќе го врати мандатот ако и биде доделен.  Доколку Трифонов не добие доволно поддршка во парламентот, привремената влада формирана во април од претседателот Радев ќе остане на власт до нови предвремени избори на есен.