Македонија
23. јуни 2021 - 21:15

Има ли и други училишта што наплаќале за издавање свидетелства?

Сојузот на средошколци реагира на начинот на кој биле спроведени инспекциите во четирите средни училишта каде постоеше сомнеж дека наплаќале за изготвување на свидетелства. Средношколците ја поздравуваат одлуката на државниoт просветен инспекторат кој на две училишта им наложи да им ги вратат парите на учениците, но посочуваат и одредени забелешки.

Павиќевиќ ги охрабрува учениците доколку повторно забележат вакви злоупотреби да пријават.

Извештајот на инспекторатот вчера покажа дека средното медицинско училиште во Тетово и прилепската гимназија Мирче Ацев од учениците барале пари за изготвување на свидетелства. За разлика од овие две образовни установи, не беа констатирани неправилности во средното економско училиште во Тетово и скоската гимназија Зеф Љуш Марку, во кои исто така постоеше сомнеж дека постапуваат незаконски.